ВМРО-ДПМНЕ: СДС постојано се однесува како дете на кое ништо не може да му се погоди

 


На СДС не може никако да му се погоди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС без докази обвинува за вистински виновници за Кочани и тоа го признаваат највисоките партиски членови.

И кога се проширува истрагата за Кочани, и кога се апсат луѓе без разлика на политичката, етничката или општествената припадност, СДС пак е незадоволен и обвинува за селективност.

Човек, крајот да не може да му го најде, и да не знае што СДС сака.

Но, наместо да ги остават истражните органи да го расчистат целосно случајот за Кочани, на СДС постојано се однесува како дете на кое ништо не може да му се погоди.

Место да зборува колку да се каже нешто, Богданка Кузеска нека го повика нејзиниот претседател Филипче да понесе одговорност за 14 жртви во Тетово, кој за личен профит тендерската спецификација за модуларните, набавени како стока со неогнотпорен материјал, ја правел лично тој.

Исто така, Кузеска нека го праша управителот на бугарски фирми, Филипче кој во слободно време глуми претседател на СДС, како во време на економската криза од продажбата на јаглен за потребите на ЕСМ, 9 милиони завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија, блиска до Филипче.

Исто така, како загрижена многу за правдата, Кузеска може да ги повика надлежните институции да отворат постапки и да ја истражат улогата на Филипче во модуларните болници и во злоупотребата на енергетската криза за лично богатење на него на неговиот ментор, Заев од набавката на јагленот за три пати повисока цена од реалната“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

10.06.2025 - 15:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега