Бутел го одбележа Денот на планетата Земја
Општина Бутел и Заводот за рехабилитација на деца и мадинци „Топаанско Поле“ денеска со заедничка акција го одбележаа Денот на планетата Земја.
Во акцијата се вклучија градоначалникот Петре Латиновски и директорот Ацо Смоковски кои истакнаа дека грижата за средината во која живееме е секојдневна обврска на сите граѓани.
- Грижата за планетата Земја не обврзува сите, без исклучок, особено денеска кога климатските промени не изненадуваат и загрижуваат, зашто се повеќе се доведува во прашање животот на планетата Земја, рече Латиновски.