Полицијата тресеше во Кочани - Едно лице веднаш уапсено

 

На 03.06.2025 во 16.05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Ѓ.(28) од Кочани.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Кочани, пронајдени и одземени се марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

04.06.2025 - 09:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега