Се повреди премиерот Груевски
Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека при спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење премиерот Никола Груевски го повреди горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија.
Преземени се сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности.
Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности, информираат од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа