Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд
Утрово, жителите на Дебар Маало повторно се разбудија со полни и неисчистени контејнери. Наместо поажурно одржување и чистење на јавниот простор од страна на надлежното јавно претпријатие ЈП Комунална хигиена, за чистењето и овој пат интервенираше Општина Центар со сопствени ресурси.
„Ова не е првпат да реагираме наместо тие што се надлежни. Општината нема надлежност за собирање на сметот на подземните и надземните контејнери, но имаме одговорност кон граѓаните. И токму затоа, три месеци секојдневно го собираме сметот од центарските улици, чистотата мора да биде биде главен приоритет на сите. Продолжуваме да го одржуваме и Дебар Маало, и сите населби во Центар, но бараме ЈП Комунална хигиена поажурно да работи и секое утро да биде чисто кога центарци изглегуваат од дома. Недозволиво е центарското градско подрачје наутро да биде во смет“, вели градоначалникот Горан Герасимовски, истакнувајќи дека и ова утро добиле поплаки од граѓаните за нечистотијата.
Наместо ЈП Комунална хигиена да праќа деманти дека секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, Општина Центар апелира од утре, од 7:00 часот изутрина центарските улици да бидат чисти.
Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа