Трамп: Мислам да прелетам до Турција во четврток

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека постои можност за приклучување кон преговорите меѓу Русија и Украина во Турција во четврток.

„Мислам дека состанокот во четврток во Турција меѓу Русија и Украина би можел да има добри резултати“, рече Трамп денес на настан во Белата куќа, објави Ројтерс.

Трамп, кој ќе ги посети државите во Персискиот Залив од утре до 16 мај, рече дека размислува да „прелета“ во Турција и да се приклучи на преговорите.

12.05.2025 - 17:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега