Стружанец пукал на свадба - пет лица во болница

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 52-годишниот Н.В. од Џепин кој повреди неколку лица додека пукаше на свадбена веселба. На трети овој месец околу 14 часот и 30 минути, стружанецот на свадбената веселба испукал повеќе куршуми од пиштол, а неколку куршуми завршиле во бетонската плоча од неговата куќа по што биле повредени пет лица, кои присуствувале на свадбата.
 
46-годишниот А.Д. се здобил со повреди на челото, 19-годишната М.В. се здобила со влезно-излезна рана на задниот дел од десната нога. Кај В.В. се нанесени повреди во мускулниот дел од десната потколеница, а други две лица се здобиле со гребнатини по телото. 
 
 Пиштолот со кој пукал стружанецот го поседувал без дозвола.
 
 
05.08.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега