Драма за кочанчанец: Качил автостоперка - за благодарам го нападнала и ограбила

Кочанчанец преживеал вистинска драма откако качил млада девојка во својот автомобил. Се работи за 31-годишниот кочанчанец И.Ѓ. кој синоќа пред полноќ додека се враќал од Пониква, забележал непозната жена која барала превоз. Застанал и ја однел до бензиската пумпа кај селото Чешиново каде ја оставил, но откако видел дека таа повторно излегла на коловозот се исплашил за нејзината безбедност па одлучил да и помогне и да ја однесе до Крупиште.

Иако кочанчанецот и пружил рака и и пмогнал на девојката која сама лутала на улиците, сепак за благодарам бил нападнат и ограбен. Откако пристигнале на паркинг во селото, тој и ја отворил вратата за да излезе, по што девојката му побарала пари. Кога не ги добила му ги одзела клучевите од автомобилот, физички го нападнала со тупаници и од вратот му го скинала златното ланче. Откако се освестил од шокот, кочанчанецот си ги земал клучевите и веднаш случајот го пријавил во полиција.

Полицијата ја привела 25-годишната девојка Б.Е. против која ќе биде поднесена кривична пријава за разбојништво.

05.08.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега