"Никој не застана да помогне" - таткото на загинатото бебенце си ја отвори душата

Таткото на Андрија, осуммесечното бебенце кое загина во страотна сообраќајка и го зави Балканот во црно, очајно моли за помош од очевидците кои биле на местото на настанот кобниот ден кога згасна животот на неговото дете. Драган Маринковиќ кој го загуби и детето и братот за српскиот Ало си ја отвара душата и раскажува што се случило кобниот ден.

- Не можев да го избегнам судирот. Возачот на Фиестата возеше како луд и влезе вомојата лента додека претицував камион. Сигурно возеше со 150 километри на час, иако таму е дозволена брзина од 80 километри на час, вели тој.

34-годишниот Драган за порталот додава и дека се обидел да ја избегне сообраќајката, а тогаш се случил судирот. Кога излегол од автомобилот го прашл Човеку дали си ти нормален, на што возачот на Фиестата му  одговорил Не знам.

- Ги извлеков сопругата и бебето зошто автомобилот почна да чади. Потоа го извлеков и мојот брат Никола. Тој вели дека покрај нив поминале многу возила, но никој не застанал да помогне.

Андрија вчера беше погребан до својот чичко. Таткото не можеше да си го испрати детето во вечното живеалиште поради повреда на кичмата, а мајката се уште не знае за трагедијата која како да нема крај. 

 

05.08.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега