Внатрешна контрола ќе спроведе истрага за полициската интервенција во Битола

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи ќе спроведе истрага за полициската интервенција на крајот од мечот меѓу Пелистер и Вардар во Битола кога со тешки телесни повреди се здоби еден навивач на Вардар а уште 7 лица беа полесно повредени. Внатрешна контрола ќе испитува дали полицајците при интервенцијата постапиле согласно пропишаните стандарди и дали имало пречекорување на овластувањата. 
Полицијата информираше дека се повредени и 4 полициски службеници.

04.08.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега