Таткото на загинатото бебенце очајно моли за помош

34-годишниот Драган Маринковиќ во трагична сообраќајка минатата недела во Македонија го изгуби синчето, а потоа и братот. Неговата сопруга се уште е во болница, во критична состојба, па така за него трагедјата како да нема крај.

Таткото на 8-месечното бебе Андрија, кое почина, ги моли сите очевидци да се јават и да го опишат текот на случувањата кои завршија кобно. Тој очајно го моли сопственикот на BMW со регистрации од Нови Сад, кој го пренесе бебето до Итна помош, да му се јави нему или на полицијата.

-Кога се случи несреќата бев присебен и точно знам што се случи. Додека чекавме Брза помош, јас го пренесов бебето во сино BMW, вели Маринковиќ.

Инаку, бебето вчера беше испратено во вечното живеалиште.

04.08.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега