"Не оди сине, земи ме со тебе" - бабата на малото бебенце скршена од болка

Балканот вчера беше завиен во црно. Цела колона роднини и пријатели на малиот Андрија кој загина во сообраќајка го испратија во вечното живеалиште.

- Андрија, ангелче бабино...каде ќе одиш злато бабино. Каде ќе одиш таму сам сине, уште си мал...секој ден баба ќе го моли господ да дојде кај тебе....чекај сине мој....велела низ солзи бабата на починатото ангелче, пренесе српскиот Курир.

Роднините залудно се обидувале да ја одвојат бабата од малиот бел ковчег. Таа постојано плачела и викала. 

- Пуштете ме луѓе...Андрија злато бабино стани...Не ме оставај сама земи ме со себе, извикувала таа низ солзи.

Бебето почина во страотната сообраќајка кај Удово, а по неколку дена во болница почина и неговиот 24-годишен чичко, кој исто така вчера беше испратен во вечното живеалиште. За трагедијата да биде поголема, таткото не можеше да си го испрати детето бидејќи им повреда на кичмата, а мајката не знае за големата трагедија.

04.08.2014 - 09:31
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега