Муцунски – Закоњшек: во фокусот договорот за транспортна заедница со Западен Балкан

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес оствари средба со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград, Матеј Закоњшек.

 
Во фокусот на разговорите беше посочена нашата посветеност на регионалната соработка во сите области од заеднички интерес, вклучително и Договорот за транспортна заедница со Западниот Балкан, кој има за цел целосно да го интегрира регионот во европската транспортна фамилија и да ја надополни политиката на проширување на заедницата.

Истовремено, за време на средбата беа разменети мислења околу заложбите за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ на патот кон станување полноправна членка, имајќи ги предвид притоа и националните политики и интереси.

Како земја членка, Северна Македонија активно учествува во работата на телата на Транспортната заедница, притоа креирајќи политики и проекти за подобрување на транспорната политика, како на национално така и на регионално ниво.

Воедно беше истакнато дека реализацијата на проектите долж двата коридора, Коридор 8 и Коридор 10, дополнително ќе влијае кон вмрежување на земјата во транс- европските транспортни мрежи.

 

11.11.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега