Младите музички таленти од Крива Паланка измамија силни аплаузи пред бројната публика

Бројните млади музички таленти, синоќа ја исполнија сцената на салата во НУ Центар за култура од Крива Паланка и ја воодушевија публиката која ја поздрави нивната виртуозна изведба со силни аплаузи.

Членовите на Музичкото студио при националната установа, кои работат под менторство на проф. Лариса Жулина Митовски покажаа извонредни музички точки од различни жанрови, периоди, различни инструменти и мелодии. Нивната младост, убавина и талент вибрираа во преполната сала, исполента со емоции, радост и насмевки.

Оваа вечер беше вистинско благослов за сите нас кои сме дел од оваа прекрасна музичка заедница. Горда сум на младите таленти кои се развиваат во вистински виртуози. Нивната преданост и страст кон музиката се гледа во секоја нота, во секоја фраза што ја изведуваат. Верувам дека ќе имаат светла и успешна кариера  и дека достојно ќе ја претставуваат нашата општина со својата уметност и талент“, изјави професорката Жулина Митовски.

Специјални гости на концертот на младите музички таленти беа членовите на балетските студија Фјужн и Ултра од Куманово, како и музичарите Душан Ангеловски на ударни инструменти и  Млаѓан Митовски на гитара. 

 

04.07.2024 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега