Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (27 март) во Министерството се сретна со заменик-министерот за одбрана на Турција, Муса Хејбет кому му се заблагодари за медицинската помош од страна на пријателска Турција во згрижувањето на дел од повредените во трагедијата во Кочани.

-Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ за вашата несебична поддршка во згрижувањето на дел од повредените во пожарот во Кочани. Ако пријателите се покажуваат во мака, и двете земји покажаа дека стојат една зад друга секогаш кога има потреба за тоа, рече министерот на средбата.

Во контекст на одбранбената соработка, Мисајловски порача дека таа е пример за тоа како сојузниците соработуваат и се поддржуваат меѓусебно.

27.03.2025 - 17:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега