Министерот Спасовски за Top-news.mk: Нема да отстапиме од нашата намера да ги гарантираме мирот и безбедноста на секој граѓанин
Упатувам порака до сите граѓани дека нема да отстапиме од нашата намера да ги гарантираме мирот и безбедноста на секој еден граѓанин на територијата на Република Северна Македонија, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето за оперативната акција „Безбеден град“.
-„Безбеден град“ е една опсежна оперативна активност која е насочена кон криминалните структури, а со цел да спречиме закани, уцени, продажба на наркотици и оружје и сл. Таа дојде како продолжение на минатогодишниот оперативен план „Безбедно лето“ којшто даде видливи резултати, што беше мотив повеќе да ја продолжиме борбата со овие предизвици и со акцијата „Безбеден град“, со која досега се лишени од слобода околу 150 лица. Со оваа активност ќе продолжиме и во наредниот период, за да застанеме на патот на сите оние коишто мислат дека криминалот ќе им се исплати“, рече министерот Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа