Нападнат српскиот министер за култура, има расекотина на левата слепочница

 


Министерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, денеска изјави дека се чувствува добро, откако синоќа бил нападнат од непознато лице, кое го удрило во главата. Нападот се случил додека Селаковиќ одел на пат кон родителите, околу 22 часот.

„Одев од станот во кој живеам со моето семејство за да ги посетам моите родители. Тоа беше во вечерните часови, околу 22 часот. Човекот ме навредуваше, ме пцуеше, зборуваше како ќе нè набие на кол, кога велам на нас, мислам на нас членовите на СНС, како што се изразуваше со вулгарни и непристојни изрази. Кога се свртев за да разговарам со него, ме удри и избега“, изјави Селаковиќ.

Министерот за култура додаде дека бил удрен во главата, на левата страна од носот, и дека имал расекотина во пределот на левата слепоочница. По нападот, Селаковиќ отишол во полиција за да го пријави инцидентот.

08.03.2025 - 10:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега