Извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица - МВР со детали за вандализирањето на манастирот во Матејче

 


Во Полициското одделение Матејче завчера од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“  во село Матејче, општина Липково,  кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот. 

Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква.

Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

09.03.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега