Среќен крај на потрагата: Имала само две годинки кога ја киднапирале, после 25 години ја пронашле во Мексико
Американката Андреа Мишел Рејес, која била киднапирана во Конектикат на двегодишна возраст, е пронајдена жива во Мексико, 25 години подоцна, објави Гардијан.
Рејес имала две години кога била всушност киднапирана од нејзината мајка, Роза Тенорио, ја зела во октомври 1999 година, според соопштението на полицијата во Њу Хевен. Тенорио немала законско старателство над Рејес, чиј старател бил нејзиниот татко, соопшти полицијата.
09.03.2025 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа