Маркет во Македонија ги замрзнува цените на 100 производи

 

„КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата, информираат од компанијата.

Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година. На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.

- Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени – велат од „КАМ“.

 

26.12.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега