Лукаревска: Изградба на коридорите е клучен стратешки проект од национален интерес
Проектот за изградба на коридорите е клучен, стратешки проект од национален интерес, рече денеска во одговор на прашање заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
-Ова е клучен, стратешки инфраструктурен проект. Доколку се дозволеше да продолжат блокадите немаше да добиеме ништо, напротив. Придобивките се големи и ние многу пати сме зборувале за тоа, побрзо, поефикасно и поефтино да може да се заврши, рече Лукаревска.
13.05.2023 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа