Коментаторот на МТВ по победата на фудбалерите: Кога нè оспоруваат: и име, и презиме, и нација,и ген, eве нè во Европа
Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.
Коментаторите на Македонската радио телевизија се погрижија фановите пред малите екрани да го почувствуваат амбиентот на празната „Динамо Арена“ и исто како и бурно ја дочекаа победата. Тони Стојановски и Горан Стерјов „полудеа“ по завршувањето на мечот и со емотивна реакција го прославија триумфот.
„Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: Сега душата се радува затоа што има зошто душа да е. Оваа Македонија ќе живее! Ќе живее! Ќе живее!“, кажа Стојановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа