Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

 


На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија  д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството за здравство за МИА.

-Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова. Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција почнувајќи од 7.8.2025 (четврток), посочуваат од Министерството.

Воедно, нема одговор дали се планираат смени на директори на други клиники.

Д-р. Кузмановски доаѓа на местото на д-р. Фатмир Меџити, а Петкоска - Спирова на местото на Примариус д-р. Беким Поцеста.

Кузмановски е роден во 1972 година во Скопје. Вработен е на Клиниката за неврологија од 1996 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ  во Скопје со просечна оцена 9,12, а специјалистичкиот испит по неврологија го положил во 2002 година. Докторирал во 2016 година и е актуелен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Петкоска Спирова, истакнат субспецијалист кардиолог, дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, а докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест. Од 2011 година е вработена на Клиниката за кардиологија, каде што ги применува своите напредни дијагностички и терапевтски вештини стекнати и при престои во реномирани светски кардиолошки центри. Има бројни научни публикации во списанија со висок импакт фактор и е учесник во меѓународни научни студии од областа на кардиологијата.

08.08.2025 - 15:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега