Дома имал 149 парчиња пиротехника, 215 куршуми и една ловна пушка - штипјанец кривично ќе се гони
СВР Штип до ОЈО Штип денеска поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од овој град поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 13 февруари годинава од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип.
Притоа се пронајдени 149 парчиња пиротехника, 215 куршуми и една ловна пушка, по што А.Ф. бил лишен од слобода.
08.08.2025 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа