Кичевчанец заврши во полициска станица - полицијата го привела при рутинска контрола на возилото

 


Ноќеска во 01.35 часот, на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген венто“ со кичевски  регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.  

13.03.2025 - 15:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега