Каевски: Силјановска треба да им се извини на пензионерите за навредите
Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу, обвини портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција во партиското седиште.
Според него, во најголемата опозицика партија немало никаква промена.
-Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата. Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини. Гледаме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ, вели Каевски.
Вели, на граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје.
-На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото. Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава. Нема откажување од иднината. На претстојните избори граѓаните ќе кажат ДА за европска иднина и надеж која обезбедува поголеми плати и пензии и достоинствен живот, вели портпаролот на СДСМ..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа