Кабел предизвика пожар во центарот на Скопје
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие кое гради социјални згради и менаџира со градскиот стадион и неколку катни гаражи.
Од таму велат дека пожарот во еден од објектите кои се наоѓаат во самиот центар на главниот град предизвикал незначителна штета од електричен кабел, но поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на службите.
„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН!“, се вели во соопштението од акционерското друштво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа