Јужна Каролина: Убил девојка во станот на баба си, а таа му помогнала да ги скрие доказите

 

 

Баба од Јужна Каролина е уапсена откога наводно му помогнала на својот внук Рајан О’Нил Вудраф да го прикрие убиството на 19-годишна девојка, соопштија властите.

Една Феј Даниелс (78) е уапсена во петокот, 27 јануари, врз основа на докази за прикривање убиство извршено во нејзиниот дом. Таа беше уапсена под обвинение за помагање и е во притвор и го чека судењето.

Една беше уапсена два дена откако нејзиниот внук Рајан О’Нил Вудраф (29) беше уапсен за пукање и убиство на тинејџерката Тикез Деметриус Вокер. Убиството се случило во куќата на баба му.

Таа дала лажни изјави пред инспекторите за злосторството по приведувањето на внук ѝ.

„Има последици ако ја лажете полицијата за време на кривична истрага“, изјави шерифот Картер Вивер. Истрагата за убиството е во тек.

Нејзиниот внук Рајан беше уапсен за убиството на 24 јануари. Пукањето во кое загина Вокер го слушнале многу сведоци.

 
01.02.2023 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега