Ја лажирал сопствената смрт, па се појавил на погребот: Сакал да му одржи лекција на семејството

 

 

Еден Белгиец ја лажирал сопствената смрт, а потоа се појавил на својот погреб во хеликоптер во драматичен перформанс чија цел била да го научи своето семејство на лекцијата дека е важно да се остане во контакт.

Дејвид Бертен (45) им го претставил овој план на сопругата и децата и тие му помогнале да ја изведе претставата. Една од неговите ќерки помогнала во измамата пишувајќи на Тик-ток: „Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Требаше да станеш дедо и уште цел живот го имаше пред тебе. Те сакам, те сакаме. Никогаш нема да те заборавиме“.

Многу корисници на социјалните мрежи ја осудија оваа „сурова шега“.

Семејството минатиот викенд организирало „погреб“, а додека се собирале роднините на Дејвид, тој се појавил во хеликоптер со камермани. „Дејли мејл“ пишува дека „лошата“ шега на белгискиот „тиктокер“, кој има 162.000 следбеници, наишла на сериозни критики.

Дејвид морал да ги објасни своите постапки. Тој посочил дека тоа го направил за да види како ќе реагира неговото пошироко семејство откако изјавил дека повеќе не одржуваат контакт со него.

– Тоа што го гледам во семејството често ме боли. Никогаш не ме канат на ништо. Никој не ме гледа. Сите пораснавме одделно. Чувствувам дека не сум ценет. Затоа сакав да им дадам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре за да го видите – рекол тој.

Додека Дејвид сè уште ја нема објавено целата снимка од својот настап, колегата „тиктокер“ кој бил на погребот споделил снимка од слетувањето на хеликоптерот и прегрнувањето со „покојникот“. Блискиот пријател на Дејвид, Томас Фаут сподели емотивна снимка од двајцата во прегратка и покрај неа напиша: „не зафркна“.

– Плачев, а потоа доживеав шок – рекол тој.

 

17.06.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега