Инспектори и доктори по ветерина со скафандери во Скопје ЗОО - сомнение за опасни вируси
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков со официјално соопштение објави дека Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители.
Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси!, пишува во својата објава Кирков.
„Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето.
Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“, посочи Кирков.
19.10.2024 - 14:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа