Грк приведен на Табановце, управувал германски автомобил баран од Интерпол

Вчера во 19.10 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ш.О.(37) од Република Грција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека возилото „рено колеос“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по барање од Интерпол Германија.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

15.07.2024 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега