„Бато одлета, мајка ми и другиот брат гледаа сѐ“: Детали за трагедијата во забавниот парк во Пефкохори

 

Откриени се детали од трагедијата што се случи во понеделникот во забавниот парк во Пефкохори, на Халкидик, кога животот го загуби млад човек (19).

Младиот човек починал кога паднал од конзолата бидејќи столчето на кое седел му се скршило за време на возењето.

Младиот човек дошол со семејството на одмор на Халкидик и сите отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во моментот на несреќата тој бил на вртелешка со еден од браќата, а другиот бил сведок на страшната трагедија.

„Отидовме во забавниот парк и тргнавме на возење. Седнавме на седиштата, а потоа сопственикот ни рече да се поместиме. Пред да почне возењето рече дека ќе биде силно. Отпрвин сè почна полека, а потоа забрза и почуствував како ни се лизга седиштето, му реков на брат ми, тогаш почувствував како ми се оттргна дел од зад грбот“, раскажува братот на починатиот млад човек.

Потоа ги опишува драматичните сцени што следувале.

„За секунда паднав на грбот и сфатив дека брат ми не е до мене, се припивав за железната шипка, а брат ми полета од седиштето, не одлета далеку, но ме удри во главата. Сѐ тоа се случуваше пред очите нашиот брат и мајка ни, други луѓе ја запреа машината, раскажува младиот човек.

Полицијата го привела сопственикот (58), а истрагата е во тек.

Градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Циркудис, рече дека не знае кој е одговорен за забавниот парк и додаде дека паркот постои 20 години.

„Не знам кој е на чело на тој парк, никогаш не сум бил“, рече Циркудис.

 
20.08.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега