ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДС дозволија за осум години мафијашките банди толку да зајакнат и да се препукуваат по улици
ВМРО-ДПМНЕ стави ред во безредието. Спасовски и СДС 8 години дозволија мафијашките банди толку да зајакнат што буквално се препукуваат низ Скопје, истакнуваат од оваа партија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат во партиското соопштение, почна со санкционирање и институциите постапуваат побрзо од било кога.
Според нив, мафијашките банди повеќе ја немаат заштита во институциите, како што го имаа во времето на Спасовски.
Институциите, како што нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, работат засилено и безбедноста ќе биде на повисоко ниво од време на СДС.
20.08.2024 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа