Платил 54.000 денари сметка во кафеана во Охрид
За ручек за шест возрасни и две деца во Охрид им стигнала сметка неверојатни 54 илјади денари. Сметката ја објави маж на социјалните мрежи, објаснувајќи зошто заминуваат туристите од Охрид поради превисоките цени.
„Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з'ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек ,а истите тие луѓе во ,,Атва" -Кичево нити 4000 денари ете зато..
П.С. Ова пастрмчево едното не двете демек ,,охридско",не ет случајно сликано замислете 3 кг имало по 4900 денари си го платиФне 14700 денари. Нек ни ет наздравје ,е зато немет гости ,оти сакет да се збогатет наеднаш“, напиша корисник на социјалната мрежа Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа