Германските воени авиони ќе доставуваат помош во Појасот Газа „сè додека е потребно“
Германската армија е подготвена да продолжи со летовите и доставување на хуманитарна помош за Појасот Газа онолку долго колку што е потребно, соопшти денеска Министерството за одбрана.
– Ние сме подготвени, заедно со нашите партнери, сè додека сметаме дека овие летови неопходни … Воздухопловните сили ќе летаат сè додека има помош за дистрибуција, истакна портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Германските воени авиони денеска извршија четири летови доставија вкупно 22 тони хуманитарна помош во Појасот Газа.
Германските воздухопловните сили почнаа со дистрибуција на помош од 16 март.
Германското Министерство за надворешни работи повторно апелираше Израел да дозволи дистрибуција на повеќе хуманитарна помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа