Филипче: Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата.
-Честитки, Радмила! Убеден сум дека Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО - најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.
Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.
Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.
На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех, стои во честитката на претседателот Венко Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа