ФЕРОИНВЕСТ и ЦЕНТРАЛИНВЕСТ со 113 милиони евра приход во 2022 година

 

113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС.

Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година.

Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски и биогас), изградба на електрани за други инвеститори, како и на снабдувањето со електрична енергија на македонското стопанство.

И покрај отежнатите услови за работа и економската криза,  групацијата во 2022 година отвори 42 нови работни места и вложи 28 милиони евра во инвестиции.

Покрај во изградба на електрани, инвестиции беа направени и во проширување на фабриките и модернизирање на технологијата во склоп на БРАКО, каде се произведуваат возила, медицинска опрема, жичени производи и метални конструкции.

Холдингот лани го зголеми и бројот на држави каде што извезува и во моментот ги продава своите производи во 60 земји низ светот, успешно натпреварувајќи се со конкуренција од најпознатите светски брендови.

14.05.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега