Еруптираше вулканот Шивелуч, по силниот земјотресот кај Камчатка
Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот брег на Русија. Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатски, кој има околу 180.000 жители, пишува Си-Ен-Ен.
-Според визуелните проценки, колоната од пепел се издигнува на дури осум километри надморска височина, јавија руските медиуми утрово, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.
18.08.2024 - 15:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа