Ѕвездата на Нетфликс уапсена на аеродром: Носела 40 килограми канабис

 

Ѕвездата на реалното шоу на Нетфликс „Too Hot To Handle“, 27-годишната Олга Беднарска, е уапсена откако цариниците на аеродромот во Манчестер ја фатиле со два големи куфери во кои имало 40 килограми канабис.

Според The ​​Manchester Evening News, ѕвездата од „Too Hot To Handle“ кога била уапсена во октомври тврдела дека пријател по име Текс и ги дал куферите. Инфлуенсерката, која се појави во третата сезона на хит реалното шоу Нетфликс, тврдеше дека лицето ѝ платило за летовите и побарало од неа да испорача дизајнерска облека и часовници.

Олга, која по потекло е од Полска, живее во Манчестер успеала да избегне затвор откако се обидела да прошверцува дрога вредна 150.000 фунти, што е околу 180.000 евра, во Велика Британија.

Во судот беше кажано и дека Беднарска „живеела над своите можности“ и имала долгови од 16 илјади фунти. За да ги исплати долговите, таа се согласила да лета за Тајланд и да ги увезе сите тие дизајнерски предмети во Велика Британија, во замена за 18.000 фунти за отплата на долговите.

Таа се расплакала пред судот откако била поштедена од затвор и се изјаснила за виновна дека е соучесник в о криумчарењето. Судијата Џон Потер и изрече условна казна од 20 месеци. Покрај условната казна Беднарска доби и 15 дена рехабилитација.

28.11.2024 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега