Мицкоски: Границата треба да биде наш заеднички мост кој поврзува луѓе, можности и идеи

 

Отпочна со работа заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Косово, Долно Блаце – Елез Хан, како дел од проектот „One Stop Shop“.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна денес денеска суштински се поместува границата помеѓу проблемите и решенијата, застојот и движењето, бирократијата и ефикасноста.

Тој посака овој премин биде почеток на уште поголеми проекти, а за граѓаните значи повеќе време за семејството, за работата, за животот.

-Денес, овде, на најдобар начин покажуваме дека границата не мора да биде ѕид. Границата може и треба да биде наш заеднички мост. Мост кој поврзува луѓе, идеи, можности. Мост преку кој се зборува за доверба, соработка, економска размена, развој на културата и туризмот. Мост што ќе го преминат милиони граѓани, но и милиони надежи и планови. Оваа иницијатива е потврда дека кога постои искрена политичка волја, заедничка визија и позитивен пристап, нема предизвик што не може да се надмине. Оваа граница, која досега значеше пречка, од денес станува симбол на модерноста, интеграцијата и регионалната зрелост, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека двете земји градат инфраструктурата на меѓусебната доверба, почит и партнерство.

-Нема веќе чекање со часови на границата. И работата и делата кои носат подобар живот се најдобриот начин за сите граѓани. Поврзувањето, работата и проектите како овој да, тоа носи подобар живот. И тоа е мојот личен и фокус на македонската Влада. Денешниот чекор е повеќе од билатерална политика – тој е дел од една поголема слика. Слика во која целиот Западен Балкан се движи во иста насока – кон Европската Унија. Оваа заедничка гранична точка не е само премин помеѓу две држави. Таа е премин кон европските вредности – на соработка, на интеграција и на слободно движење, нагласи македонскиот премиер.

Заедничкиот премин, организиран според принципот „One stop shop“, значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо двојно губење време, еден увид наместо две одделни контроли.

12.04.2025 - 12:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега