Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав но тоа од нас сега го бара ЕУ

 

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое сега доаѓа од Европската Унија, а за нас, најлошо ќе биде ако не направиме ништо, вели Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најавувајќи дека до петок ќе ја официјализира Резолуцијата со црвените линии. Тој рече дека во преговорите со Брисел никаде не биле загорзени идентитетските прашања. 
Тоа што од нас го бара Европската Унија, не го бара само Бугарија, тој документ на Европската Унија на Брисел, практично е нешто што е резултат на бројни преговори на еден долготраен процес. Јас ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа меѓу другото тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори, кога во тој контекст така гласаа, кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја ставиме по страна Исто така сметам дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство Меѓутоа, исто така сметам дека мора сите политички чинители да седнат заедно на маса и да одредиме што е тоа што јасно и гласно еве во еден документ, можеби цитирано од повеќе претходни документи, договори, потпишани резолуции и така натаму, треба да го формализираме, за да знаеме како ќе продолжиме напред и да ги информираме граѓаните за тоа“ – порача Филипче

02.09.2025 - 12:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега