Со „бмв“ летал со 217 км/ч - млад кавадарчанец ноќта ја помина во полициска станица

 


Вчера во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Кавадарци.

При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

02.09.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега