Дрезден во шок: Мост се урна само девет минути откако помина трамвај
Мостот „Карола“ во Дрезден се урна околу три часот утринава, а чудо е што во несреќата нема повредени. Само девет минути пред несреќата по мостот поминал трамвај. Уривањето можеше да однесе многу животи.
„Ние бевме информирани во 3.01 часот. Мостот веќе беше во Елба“, изјави портпаролот на полицијата за „Билд“.
Само девет минути претходно, трамвајската линија со број 7 ја премина Елба во правец кон Дрезден Нојштад. Половина час подоцна, следниот трамвај ќе поминел од другата насока.
Мостот „Карола“ е еден од најважните во Дрезден.
11.09.2024 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа