ЦУК со предупредување до граѓаните: Внимавајте - може да паѓаат покривни лимови во Скопје
Местото каде паѓаа лимови од покрив на зграда во Општина Центар на улица „Македонија“ се уште претставува потенцијална опасна површина за движење, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) во врска со најавеното локално невреме во Скопско.
Од ЦУК посочуваат дека станува збор за покривот на зградата на „Технометал Вардар“ спроти Спомен куќата на Мајка Тераза во самиот Центар на Скопје и упатуваат апел го граѓаните за внимателно движење во тој дел од градот.
ЦУК посочува дека за можната опасност информираат и заради продолжениот викенд и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за можно невреме на територијата на Град Скопје.
Лимовите што висат на покривот од зградата, како што нагласуваат, претставуваат опасност по животот и здравјето на луѓето.
Инаку, ЦУК, преку својот Оперативен центар и Регионален центар за управување со кризи РЦУК Град Скопје ги има известено сите надлежни на територијата на Град Скопје и е во постојана координација со МВР за зголемување на безбедноста на улица „Македонија“, односно на местото што претставува потенцијална опасна површина каде би паднале лимови од покривот на зградата на „Технометал Вардар“ (која е во приватна сопственост), при локално невреме во Скопско.
Конкретно, денеска ЦУК, повторно стапи во контакт со лицето за соработка со ЦУК во Општина Центар за да се пронајдат и реализираат што е моѓно побрзо решенија за отстранување на опасноста и потоа поднесе барање до Министерството за внатрешни за обезбедување на местото кај улица „Македонија“ каде би можело да паднат кровни лимови при локално невреме во Скопско, стои во соопштението од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа