Бугарин уапсен на Деве Баир
Вчера во 17 часот на Граничен премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М.(67) од Република Бугарија затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Република Турција.
За настанот бил известен јавен обвинител и тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
14.04.2025 - 14:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа