Кејти Пери ја објави снимката од вселенскиот лет

 

Американската поп-ѕвезда Кејти Пери вчера полета во Вселената, па објавена е и снимка од самиот вселенски лет. Таа, имено, од капсулата го покажа списокот песни коишто ќе ги изведе на турнејата „Lifetimes“.

Но, притоа не може ништо да се прочита, па противниците на пејачката ја обвинија за „патетичен маркетиншки обид“, како што гласи еден негативен коментар.

„Значи ова било само маркетиншки трик за добробитта на албумот?“, „Какво губење време, енергија и ресурси“, „Она кога кариерата ти е толку мртва што ни нултата гравитација не може да ја подигне“ – се дел од коментарите на „Икс“.

Покрај неа, вкупно четири минути во Земјината Орбита, беа и американската новинарка Гејл Кинг, поранешната водителка Лорен Санчез, поранешниот ракетен научник на НАСА, Ајша Боув, активистката за човекови права Аманда Нгујан и филмската продуцентка Керијан Флин.

Ова е првпат во Вселената да оди целосно женска екипа. За потсетување, во 1963 година, руската астронаутка Валентина Терешкова полета сама во вселената. Вселенското патување „НС-31“ го спроведе компанијата „Блу ориџин“ (Blue Origin), и тоа траеше 11 минути.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

15.04.2025 - 20:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега