Курти си даде оставка од функцијата премиер

 


Албин Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово неколку часа пред да положи заклетва како пратеник во косовското Собрание.

Одлуката за оставка ја соопштил со писмо испратено до секретаријатот на Собранието.


Во Собранието во тек е конститутивната седница на деветтото свикување на косовскиот парламент и се очекува наскоро да изберат нов претседател и потпретседатели, а потоа да се формира нова влада.

Курти е на чело на владата од 2021 година, а неговата политика се карактеризира со цврсти ставови кон Србија и реформи во земјата. Неговиот мандат беше обележан и со тензии во северно Косово и сложени односи со меѓународните партнери.

15.04.2025 - 14:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега