Врнежи од дожд и грмежи: Носете си чадори до петок
До петок (18 април) во нашата Република Македонија ќе се задржи многу променливо и нестабилно време со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на град, па така овие процеси би можеле да бидат и во форма на краткотрајно невреме.
И во Скопскиот регион до петок (18 април) времето ќе биде многу променливо, нестабилно и ветровито со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на повремен дожд (повремено пороен и со услови за појава на грмежи).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат релативно високи и пролетни, па така истите речиси насекаде ќе се движат до близу или до околу 20 степени, а на повеќе места тие ќе надминат и 20 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели тие локално ќе се искачат и до околу 25 степени. За време на овој период и во Скопскиот регион температурата ќе надминува 20 степени.
Само да напоменам дека, поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Македонија и понатаму ќе се врши транспор на прашина и на песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, додека дождот кој го очекувам ќе биде обоен со Сахарската прашина и песок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа