ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска се занимава со политика, половина Скопје нема вода
Додека Данела Арсовска мисли дека се занимава со висока политика и им слугува на ДУИ и СДС, половина Скопје нема вода. Додека Арсовска не може да стане од скутот на ДУИ и СДС, ЈП „Водовод“ праќа соопштенија дека граѓаните треба да пијат помалку вода затоа што е лето и, најверојатно, сите пијат повеќе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Жално е, додаваат од оваа партија, до кое дереџе Данела Арсовска го донесе градот.
„Веруваме дека на Арсовска ѝ е удобно во прегратките на ДУИ и СДС, каде што треба да одработува секакви работи, само не она што ѝ е работа, но доколку 4 години се занимаваше со водоводната мрежа и со нејзино обновување, не само што ќе немаше проблем со притисокот туку немаше да ги има и големите загуби што ги има сега“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа