МВР апси и пензионирани полицајци за несреќата во Кочани

 

Истрагата за пожарот во Кочани се проширува на уште седум полициски службеници, откри јавниот обвинител Љупчо Коцевски на Телма. Тие ќе бидат приведени. Порталот „Скопје1“ повикувајќи се на извори од истрагата пренесува дека дел од лицата кои се приведуваат, се и пензионирани лица, а се поврзуваат со издавањето на дозволи кои помогнале да се издаде лиценца за дискотеката „Пулс“ да работи.

Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци. Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.

Акцијата за овие седум полицајци е во тек. За полициските службеници и лицата кои се пензионирани полицајци, истрагата се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

15.04.2025 - 19:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега